Извештаи за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС)
Преглед на проектот
БАР Е.Ц.Е. во изминатите неколку години изработи дваесет извештаи за оцена на влијанието врз животната средина за изградба и работа на повеќе мали хидроелектрани, најголем дел лоцирани во западниот дел на Македонија, со вкупна инсталирана моќност од приближно 19 MW.
Реализацијата на овие проекти е во согласност со Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во Република Македонија до 2020 година и ќе придонесе за зголемено учество на обновливите извори во производството на електрична енергија, што пак ќе ја намали увозната зависност на Република Македонија и ќе придонесе во напорите за намалување на ефектите од климатските промени — најголемиот еколошки предизвик со кој денес се соочува меѓународната заедница, особено во делот на намалување на емисиите на стакленички гасови. Земајќи го предвид вкупното годишно проектирано производство на овие мали хидроелектрани од близу 53 GWh, може да се заклучи дека годишното намалување на емисиите на стакленички гасови ќе изнесува 40.934,67 метрички тони / MWh, пресметано според критериумите на ОЕЦД.
Барате доверлив проектен партнер?
Барате инженерска експертиза или доверлив проектен партнер? Стапете во контакт со нашиот тим.