ПочетнаЗа нас Кои сме ниеЛуѓе и кариераЕкспертиза и квалификацииКлиенти и партнериУслуги Инженеринг и проектирањеГрадеж · конструкции · машинство · електроУправување со проекти и надзорВодење · надзор · ревизијаСтудии, планирање и инвестицииСтудии · планирање · инвестицииЖивотна средина, одржливост и енергетикаЗаштита · одржливост · енергијаТехничка помош, верификација и советувањеСоветување · техничка помошСектори Објекти и инфраструктураГрадби · патишта · инфраструктураВоди, животна средина и цврст отпадВоди · животна средина · отпадЕнергетикаЕнергетски системи и ефикасностПроектиВестиКонтакт MKEN
ПРОЕКТ

Изработка на документи за оцена на проекти

2020

Преглед на проектот

БАР Е.Ц.Е. обезбеди услуги за техничка помош на единицата за спроведување проекти во рамките на Министерството за финансии и на неколку општини, за подготовка на потребната документација за реализација на потпроекти, преку изработка на социјална, техничка, еколошка, економска и финансиска оцена на потпроектите.

Целта на овој проект, финансиран од Светска банка, е да се обезбеди техничка помош преку овозможување инвестиции во комуналните услуги и инфраструктура и поддршка на институциите одговорни за нивно обезбедување, какви што се општините и нивните јавни комунални претпријатија:

Наши услуги

  • Документ за оцена на проект за проширување на трпезаријата во градинката „7 Септември“ во Пехчево и изградба на улици во две села во Општина Пехчево
  • Документ за оцена на проект за реконструкција на улицата „Маршал Тито“, реконструкција на улицата „Вера Јоциќ“ и изградба на улица бр. 7 во Општина Делчево
  • Документ за оцена на проект за реконструкција на дел од локалниот пат Александар Урдаревски — Рудници Бањани (Коцка) во Општина Чучер-Сандево
  • Документ за оцена на проект за изградба на дел од булеварот „Видое Смилевски Бато“ во Општина Тетово
  • Документ за оцена на проект за набавка на возила и механизација неопходни за подобрување на јавните комунални услуги во Општина Боговиње
  • Документ за оцена на проект за изградба на станица за третман на вода за селата Добри Дол и Неготино во Општина Врапчиште
  • Документ за оцена на проект за регулација на дел од Матејачка Река во Општина Липково
  • Документ за оцена на проект за набавка на возило за собирање цврст отпад и возило за зимско чистење во Општина Штип
  • Документ за оцена на проект за замена и монтажа на хоризонтални/вертикални и ултразвучни водомери со надградба со опрема за далечинско мобилно отчитување и интеграција на водомерите во системот за далечинско отчитување, и проект за проширување на секундарната гасоводна дистрибутивна мрежа во Општина Струмица
  • Документ за оцена на проект за проширување на постојната градинка „Црвенкапа“ во Општина Аеродром
Започнете разговор

Барате доверлив проектен партнер?

Барате инженерска експертиза или доверлив проектен партнер? Стапете во контакт со нашиот тим.

Контактирајте нè