Проектот за билатерална соработка на владите на Кралството Норвешка и Република Македонија 2009 влегува во завршна фаза — реконструкцијата на училиштата е завршена, а во тек е спроведувањето на меката компонента и курсевите. Предвидени се и неколку семинари и аналитички тркалезни маси, со цел засегнатите страни — Министерството за образование и наука, претставниците на општините, училиштата и невладините организации — да ги извлечат заклучоците од годишната програма.
22/12/2017