ПочетнаЗа нас Кои сме ниеЛуѓе и кариераЕкспертиза и квалификацииКлиенти и партнериУслуги Инженеринг и проектирањеГрадеж · конструкции · машинство · електроУправување со проекти и надзорВодење · надзор · ревизијаСтудии, планирање и инвестицииСтудии · планирање · инвестицииЖивотна средина, одржливост и енергетикаЗаштита · одржливост · енергијаТехничка помош, верификација и советувањеСоветување · техничка помошСектори Објекти и инфраструктураГрадби · патишта · инфраструктураВоди, животна средина и цврст отпадВоди · животна средина · отпадЕнергетикаЕнергетски системи и ефикасностПроектиВестиКонтакт MKEN
Објекти и инфраструктура

Основen проект за доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден

2024 - 2025

Преглед на проектот

Доградба на ООУ „Гоце Делчев“ — Илинден

 

БАР Е.Ц.Е. го изработи Основниот проект за доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Илинден, обезбедувајќи комплетно мултидисциплинарно проектантско решение за проширување и модернизација на постојниот училиштен објект.

 

Новата доградба е проектирана како двокатен образовен објект поврзан со постојното училиште, со дополнителни простории за настава и придружни содржини и функционално поврзување со постојниот објект. Проектот е изработен за Општина Илинден, на постојната локација на училиштето.

 

Современи образовни простори

 

Доградбата обезбедува нови училници, административни и придружни простории, санитарни јазли, комуникациски површини и технички простории, со што се прошируваат капацитетот и функционалноста на постојното училиште.

 

Новиот објект е поврзан со постојното училиште преку топли врски на приземјето и катот, а истовремено располага и со сопствени влезови. Архитектонското решение е координирано со конструктивниот систем и сите инсталации со цел создавање современ и функционален простор за образование.

 

Конструктивно, доградбата е проектирана како независна армирано-бетонска рамковна конструкција, со армирано-бетонски платна каде што е потребно за обезбедување на стабилноста на објектот.

 

Енергетски ефикасни системи

 

Посебно внимание е посветено на енергетската ефикасност и комфорот во објектот. Системот за греење и ладење е базиран на топлински пумпи воздух–вода, поврзани со двоцевен систем со вентилаторски конвектори во училниците, канцелариите, ходниците и останатите простории.

 

Проектот предвидува и енергетски ефикасно LED осветлување, електрични инсталации за современа наставна и мултимедијална опрема, компјутерска мрежа, антипанично осветлување, заштита од атмосферски и електрични празнења, како и систем за детекција и дојава на пожар.

 

Проектирањето на водоводните и канализационите инсталации ги опфати системите за санитарна вода, фекална и атмосферска канализација.

 

Со координирана разработка на архитектонските, конструктивните и машинските и електротехничките инсталации, заедно со изработката на Елаборатот за заштита од пожари, БАР Е.Ц.Е. подготви сеопфатна техничка документација за изградба на современа, функционална, безбедна и енергетски ефикасна доградба на постојното училиште.

 

Наши услуги

  • Мултидисциплинарен Основен проект
  • Архитектонско проектирање
  • Проектирање на градежни конструкции
  • Машинско и HVAC проектирање
  • Електротехничко проектирање
  • Проектирање на водовод и канализација
  • Елаборат за заштита од пожари
  • Проектирање на систем за греење и ладење
  • Систем со топлински пумпи воздух–вода
  • Енергетски ефикасно LED осветлување
  • Енергетски и слабострујни инсталации
  • ИКТ и компјутерска мрежа
  • Систем за детекција и дојава на пожар
  • Громобранска и електрична заштита
  • Технички спецификации и предмери
  • Координација на мултидисциплинарното проектирање
Започнете разговор

Барате доверлив проектен партнер?

Барате инженерска експертиза или доверлив проектен партнер? Стапете во контакт со нашиот тим.

Контактирајте нè