На 7 април 2011 година се одржа свеченост во ОУ „Братство Единство“ во Средно Коњари, а на 21 април 2011 година во ОУ „Кочо Рацин“ во Катланово, по повод завршувањето на проектот од програмата „Заедно за европска Македонија 2010“, финансиран од Владата на Кралството Норвешка, управуван од Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија и спроведен од БАР Е.Ц.Е.
БАР Е.Ц.Е., како партнер за спроведување, ги преземе сите неопходни активности за реализација на двете проектни компоненти — тврдата и меката. Тврдата компонента, односно реконструкцијата на училишните објекти, опфати:
Целта на реконструкцијата на училиштата беше подобрување на енергетската ефикасност.
Истовремено, во ОУ „Братство Единство“ во Средно Коњари програмата USAID/PEP учествуваше со сличен проект за реконструкција преку замена на старата столарија со нова алуминиумска, што дополнително ја подобри енергетската ефикасност на училишниот објект.
Оваа година посебен акцент е ставен на меката компонента, која предвидува воведување неформално образование во мултиетничките училишта и поттикнување интеракција меѓу учениците од различно етничко потекло, надминување на етничките разлики и градење односи на толеранција. Главни елементи на меката компонента се бесплатни часови по албански и англиски јазик за учениците и наставниците, бесплатни компјутерски часови и бесплатна обука за граѓанско образование и толеранција.