Проектот за надзор над работите за реконструкција на полициски станици за обезбедување на државната граница е започнат со Конзорциумот АЛАнет Глобал како рамковен договорач со Делегацијата на ЕУ во Скопје. БАР Е.Ц.Е. ја обезбедува потребната експертиза за овој проект со предвидено времетраење од 20 месеци. Главната цел на овој проект е да се обезбеди добра инфраструктура за потребите на полициските станици, посебно за потребите на Граничната полиција, водејќи сметка прописите на ЕУ и најдобрите практики.
Посебна цел на овој проект е да се обезбеди надзор за реконструкцијата на следните полициски станици:
- Полициска станица за обезбедување на државната граница Попова Шапка
- Полициска станица за обезбедување на државната граница Гошинце
- Полициска станица за обезбедување на државната граница Чашка
- Полициска станица за обезбедување на државната граница Лабуништа