Проектот за основно образование (ПЕП) е петгодишна иницијатива наменета за сите државни основни училишта во Македонија. Овој проект е продолжување на тековните проекти финансирани од УСАИД за зајакнување на образованието во Македонија и поддршка на процесот на децентрализација, во периодот кога Македонија се стреми кон влез во Европската Унија. Договорот со УСАИД ПЕП е потпишан за:
- Надзор на работите за поставување на нов под и тоалет во ОУ "Браќа Миладиновци' во Пробиштип
- Ревизија на технички проект за изградба на топла врска меѓу двата влеза во ОУ "Синиша Стоилов" во Зрновци
- Надзор на работите за изградба на дополнителен влез во ОУ "Синиша Стоилов" во Зрновци
- Надзор на работите за реконструкција на покрив во ОУ "Никола Петров Русински" во Берово