БАР Е.Ц.Е како имплементирачки партнер ги превзеде сите потребни активности за имплементација на двете проектни компоненти: тврда и мека компонента.Тврдата компонента, односно реконструкција на училишна зграда се состоеше од:
- Замена на комплетната кровна конструкција и покривка, поставување на спуштен плафон и електрична инсталација, замена на дотраените прозори и врати во училниците и коридорот во О.У “Кочо Рацин” во Катланово;
- Поставување на ново централно греење и замена на кровната конструкција во О.У “Братство Единство” во Средно Коњари.
Целта на реконструкцијата на училиштата беше да се обезбеди подобрување на енергетската ефикасност.
Во исто време во О.У “Братство Единство” во Средно Коњари, USAID/PEP програмата исто така беше вклучена со проект за реконструкција и беа сменети дотраените прозори со нови алуминиумски прозори, со што се доби една целина и целосно подобрување на енергетската ефикасност.
Оваа година посебен акцент и беше дадено на меката компонента, која што предвидува воведување на неформално образование во мултиетничките училишта како и потикнување на интеракција меѓу учениците од различна етничка припадност, надминување на етничките разлики и изградба на односи на толеранција. Главните компоненти кои што ја опфаќаат меката компонента се бесплатни часови за учениците и наставниците по албански и англиски јазик, бесплатни часови по информатика како и бесплатна обука за граѓанско образование и толеранција.