Вие сте тука:Home > Новости > Соработка Народна Република Кина - Република Македонија

Соработка Народна Република Кина - Република Македонија

Titan_WWTP Македонска делегација составена од претставници на Секретаријатот за европски прашања, Општина Кисела Вода и БАР ЕЦЕ ја посети компанијата ИППР во периодот од 18-25 мај 2012 година. Во оваа прилика беа дискутирани аспектите на кинеската помош за Македонија во рехабилитација и проширување на училишните објекти.  Во атмосфера на взаемно разбирање на одредени потреби, финализирани се техничките детали, а сега следува изработка на Основен проект.

 

Потписници на овој Идеен проект се Г-динот Ванг Јулин, раководител на Секторот за управување со проекти на ИППР и Г-дин Алекса Томовски, менаџер на БАР ЕЦЕ во присуство на претставници на кинеското министерство за трговија и високи претставници на ИППР.


China_signed

Изведбата на работите за реновирање и проширување на училиштето во Драчево, Општина Кисела Вода ќе почне во јуни 2012 година, со очекување новата зграда да биде подготвен за употреба во септември 2013 година. Името на училиштето ќе биде “Рајко Жинзифов, училиште на кинескo - македонскo пријателство”.