Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието е четиригодишна иницијатива наменета за создавање на политичка, социјална и економска клима потребна за Македонија да постигне одржлива интеретничка интеграција во училиштата, во останатите образовни институции, па и во целото општество. Договорот со УСАИД ПМИО е потпишан за:
- Основен проект за реконструкција на спортска сала во ОУ”Живко Брајковски”-Скопје, Општина Бутел;
- Надзор на изведувачки работи за поставување на централно греење во ОУ”Лирија”-Жеровјане, Општина Боговиње;
- Надзор на изведувачки работи за поставување на хидроизолација на рамен кров и нов котел за централно греење во ОУ “Тефејуз”-Скопје, Општина Чаир
Овие активности беа реализирани во 2012 година. За повеќе информации во врска со УСАИД ПМИО проектот кликнете тука.



