Egis со поддршка на македонскиот консултант БАР Е.Ц.Е. го отпочна проектот за финансирање, изградба и работа на станица за пречистување на отпадни води во Скопје, престолнината на Република Македонија. Овој проект го следи неодамнешното потпишување на согласноста за финансирање како дел од повикот за проект издаден од Француското министерство за финансии и DGT (Францускиот трезор).
Оваа студија со големо значење за човековата средина, направена во име на Министерството за просторно планирање и животна средина и Градот Скопје, ќе и даде на Македонија вреден пристап до францускиот know-how во одржливите технологии во третманот на отпадни води.
Инфраструктурата да биде испорачана без одлагање
Градот Скопје има 600,000 жители и значајни индустриски објекти што ги покачува сегашните барања за третман на отпадните води до над 1,000,000 еквивалент жители. Денешните решенија за третман на отпадните води се поддимензионирани и не водат доволно сметка за порастот на популацијата и индустријата, па заради тоа потребна е разработкај на потребите на среднорочен план. Студиите за одржливост беа направени пред повеќе од пет години и не посочуваат прифатливи решенија од техничка, економска и еколошка гледна точка.
Проектот да го опфати третманот на отпадни води во градот на долгорочен план
Студијата ќе биде направена од Egis со поддршка на македонскиот консултант БАР Е.Ц.Е. и има три цели:
- Ажурирање на постоечките студии, обезбедувајќи усогласеност со барањата на Европската директива за третман на урбаните отпадни води во престолнината на Република Македонија;
- Предлог за решенија за третман на отпадните води што ќе биде во согласност со сегашните и идните потреби и кои што ќе ја заштитат животната средина и ќе ги задоволат приоритетните економски и социјални рамки. Овие решенија ќе ја промовираат најавата на технологиа која ја опфаќа инвестиската оптимизација, како и ефикасно функционирање на посторјката за третман, особено во поглед на потрошувачката на енергија.
- Воспоставување на финасиска структура за проектот тој најдобро да соодветствува на економската и социјалната положба на клиентот. Ова ќе вклучи разглед за развој на јавно – приватно партнерство со фирми специјализирани во третманот на отпадни води и преработка на ефлуентот (водата и тињата).