БАР Е.Ц.Е. потпиша Договор за надзор на работите во северно Косово. Активностите се планирани да започнат во април и ќе се спроведуваат во наредните 2 години.
Целта на проектот е да се поддржи порамномерен регионален развој во Косово, преку зголемување на општинската социјална и економска инфраструктура, квалитетот на живот и економскиот развој на општините во Косово. Договорот за надзор ќе биде врз основа на PRAG условите и правила, во текот на спроведувањето на надзорот, во четирите општини во северно Косово: Косовска Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.