БАР E.Ц.E. ги започна активностите за Надзор над работите за "Модернизација и адаптација на центрите за социјална работа" и "Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки и услуги на пазарот на трудот"во соработка со ARS Progetti S.P.A. како водечки партнер.
Овој проект е финансиран преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) во рамките на Компонентата за развој на човечки ресурси. Главната цел на проектот е да се подобри квалитетот на социјалните услуги испорачани од страна на центрите за вработување и работа на центрите за социјална преку модернизација и адаптација на нивната инфраструктура и подобрување на условите за работа.
Времетраењето на овој ангажман ќе биде за 20 месеци.
Овој проект е поделен во два Договори за изведба на работите:
- Договор за работа бр. 1 "Модернизација и адаптација на центрите за социјална работа" и 18 центри за социјална работа ќе бидат рехабилитирани (30 згради вкупно), со цел да се подобрат условите за испорака на социјални услуги и програми за лица со посебни потреби.
- Договор за работа бр. 2 - "Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги" и ќе опфати адаптација и модернизација на постојната инфраструктура на 12 центри за вработување во насока на подобрување на квалитетот на услугите и мерките за корисниците.