БАР Е.Ц.Е. обезбедува услуги за подготовка на инженерски услуги и тендерска документација за изведба на градежни работи на Прифатниот центар за странци и судска лабораторија, заедно со водечки партнер во Конзорциумот Социјација Società Italiana di Monitoraggio S.p.A.
Овој проект е финансиран од Европската унија, а ќе трае 12 месеци, до март 2019 година.
Глобалната цел на проектот е формирање на нов Прифатен центар за странци во согласност со стандардите и политиката на ЕУ за заштита на правата на мигрантите и воспоставување на нови простории за Одделот за судска медицина.
Специфичната цел на овој проект е подготовка на техничка документација, вклучувајќи тендерски досиеја и Основен проект за идните договори за изведба на работите, во согласност со процедурите PRAG1 за градење на Прифатниот центар за странци и Одделот за судска медицина, поддршка во тендерирање и процесот на евалуација и подготовка на одговори на техничките појаснувања доколку е потребно. Исто така, проектот предвидува подготовка на целокупна потребна документација за добивање на градежна дозвола за Прифатниот центар за странци и Одделот за судска медицина, во согласност со националното законодавство за Договорот за работа.