БАР Е.Ц.Е. обезбедува услуги за изработка на проекти за градежни работи, вклучувајќи изработка на предмер пресметка и проценка на трошоците за надградба на физичката и информатичкo - комуникациската технологија (ИКТ) за петнаесет гранични полициски станици и еден регионален Центар за гранични работи.
Овој проект е финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а Министерството за внатрешни работи е краен корисник.
Главната цел на проектот е да се обезбедат професионални проекти, со акцент на развојот на комплетната проектна документација, вклучувајќи и изготвување на предмер пресметка и проценка на трошоци, како и изработка на тендерска документација.