БАР Е.Ц.Е. изврши услуги за изработа на Основен проект за реконструкција на Градскиот стадион во Штип.
Овој проект е финансиран од Фудбалската федерација на Македонија.
Цел на овој проект е да се обезбеди проектна документација, вклучувајќи реконструкција на постојната западна трибина, со капацитет од 2000 гледачи, како и помошни функции, како што се тоалети, билетарница и служба за итни случаи. Вклучени елементи на проектот се редовен пристап на гледачите, медиумите и ВИП простории, сместување на службени лица и новинари со акцент на барањата за пристап на лицата со посебни потреби.