BAR E.C.E. is assigned Engineer in a Consortium led by WSP Switzerland, former BG-21 and IRD Engineering in this environmental project of high importance in the Region.
Консултантскиот конзорциум обезбедува соодветни услуги во согласност со Условите на договорот според жолтата книга на FIDIC за проектирање и изведба на електро-машински и градежни работи од страна на Изведувачот, прво издание 1999 година. Оваа станица е наменета да го опслужува подрачјето на главниот град Скопје со капа итет од 625.000 еквивалент жители за хоризонтот 2035 година. Исто така карактеристиките на Станицата ќе овозможат нејзино проширување и подобрување за хоризонтот 2045 година
Локацијата на ПСОВ Скопје се наоѓа на левиот брег на реката Вардар, во областа на Трубарево. Главниот градски колектор преку две главни линии ќе ги испорача водите на третман до две влезни пумпни станици, по една на двата речни брегови за да низ соодветен третман се постигнат потребните параметри на испуштање на водата во реката Вардар.
Преработката на тињата ќе обезбеди производство на гас и дополнително електрична енергија за покривање на значителен дел од целата потрошувачка, додека цврстите остатоци ќе се согоруваат и ќе се минимизира создадениот цврст отпад.
Експертите на БАР Е.Ц.Е. се назначени да ги покриваат соодветните услуги во инженерскиот дел од Проектот, како и со сите поврзани активности од социјални и еколошки аспекти.
Овој договор започна во јуни 2023 година со предвидено времетраење од околу 1.800 дена.
Работодавач на договорот е водоводното претпријатие Водовод, Скопје.
Финансирањето на проектот е обезбедено преку грант од WBIF и заеми од ЕИБ и ЕБОР.