На церемонијата присуствуваа кинескиот амбасадор во Р. Македонија Г-дин Донг Чунфенг, вицепремиерот за европски прашања Г-дин Васко Наумовски, градоначалникот на Прилеп Г-дин Марјан Ристески Mr. Vasko Naumovski, како и останати многубројни гости. Износот дониран од Владата на Народна Република Кина е 4,720,000.00 кинески јуани, а БАР Е.Ц.Е. беше назначен од страна на Владата на Република Македонија и Секретаријатот за европски прашања, како имплементирачки партнер. Овој проект беше донациски проект проследен од протоколи разменети помеѓу Владите на Р. Македонија и Народна Република Кина од 6 и 10 Август 2009 година и претставуваше прв комплетен инженерски нематеријален донаторски проект обезбеден од Народна Република Кина за Р. Македонија во областа на образованието.
Свечено отворање во Прилеп
На почетокот на учебната година се одржа свечена церемонија во ОУ "Гоце Делчев" во Прилеп со што се одбележа комплетирањето на кинескиот донациски проект за реновирање на училиштето и отворањето на новата учебна година, финансирано од страна на Владата на Народна Република Кина, координирано од IPPR и имплементирано од БАР Е.Ц.Е.