Вие сте тука:Home > Новости > Социјална анализа и анализа на животната средина за локалните патишта во Македонија

Социјална анализа и анализа на животната средина за локалните патишта во Македонија

BPSБАР Е.Ц.Е. потпиша договор со ЕБОР за проектот за регионални и локални патишта - Социјална анализа и анализа на животната средина за локалните патишта во Македонија. Приближното времетраење на проектот е 3 месеци до јуни, 2011 година. Клучните цели на овој проект се:



 

  • Идентификација и детерминација на потенцијалните еколошки и социјални влијанија поврзани со изградба на нови делници и санација на постојните патишта.
  • Асистирање на ЕБОР во структуирањето на проектот, така што барањата на националната; и политика на животна средина и социјалната политика на ЕБОР, како и добрата меѓународна практика, како што се напатствијата од WB/IFC EHS за патишта и автопати се исполнети.
  • Асистирање на ЕБОР преку развивање на сет на препораки во форма на нацрт социјален и еколошки акционен план чија цел е спречување и ублажување на можните негативни еколошки и социјални влијанија во текот на изградбата и работата на патот, обезбедувајќи предности поврзани со животната средина и социјални предности, подобрување на квалитетот на животната средина и социјалниот квалитет, како и подобрување на протокот на информации со засегнатите заедници.