Главни карактеристики на овој проект се: Станицата ќе биде со големина од 32.000 еквивалент жители. Со ова ќе се обезбеди пречистување на отпадната вода до максимално дозволените концентрации, согласно ЕУ Директивата за пречистување на отпадни води 91/271/EEC. Проектот е финансиран од Швајцарската Влада преку SECO, Владата на Грција и Владата на Република Македонија.
Крајниот корисник на проектот е општина Гевгелија и Комуналец.
Консултантот ќе изврши преглед на сите релевантни инпути со посебна грижа за проектираниот развој на населението како и комерцијалниот сектор, објавување и евалуација на тендерот заизвршување на работи и надзор над извршувањето на работите.
Ви препорачуваме да го посетите следниот линк на веб страната на нашиот клиент.