Реализацијата на овие проекти кои се во согласност со Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во Р.М. до 2020 година ќе придонесе кон зголемување на учеството на обновливите извори во производство на електрична енергија со што пак ќе се намали увозната зависност на Република Македонија од енергија, а истовремено ќе придонесе кон борбата за намалување на ефектите од климатските промени, најголемиот предизвик за животната средина со кој денес се соочува глобалната меѓународна заедница, посебно за намалување на емисиите за стакленички гасови. Имајќи го во предвид вкупното годишно проектирано производство на овие мали хидро електрани од близу 53 GWh, може да се заклучи дека на годишно ниво, намалувањето на количеството на емисиите на стакленички гасови ќе изнесува 40934,67метрички тони/MWh, земено според OECD критериумот .
Елаборати за заштита на животната средина
БАР Е.Ц.Е во изминативе неколку години има изработено дваесет Елаборати за заштита на животната средина за изградба и работа на повеќе мали хидроелектрани, најголемиот број од нив лоцирани во западниот дел на Макдонија, а со вкупна инсталирана моќност од приближно 19MW.