БАР Е.Ц.Е. потпиша Договор со Јавното претпријатие за државни патишта за изработка на Социо-економскa проценка за влијанието на локалните патишта рехабилитирани во рамките на Проектот за поддршка на регионални и локални патишта.
Главната цел на оваа задача ќе биде да се оцени од аспект на корисникот зголемената благосостојба на домаќинства кои ги користат локалните патишта кои се рехабилитираат со Проектот за регионални и локалните патишта. Проектот ќе се фокусира на три главни аспекти: пристап на пазарот, човечкиот капитал и безбедноста на патиштата и ќе вклучува анализа на реновирана локални патишта во 10 општини со завршени работи, 5 во планинските региони и 5 во низинските региони.
Вкупното траење на задачата ќе биде 6 месеци, почнувајќи од 20 декември 2013 година и ќе биде финансиран од Светска Банка.
Јавното претпријатие за државни патишта објави финалниот извештај за утврдување на социо-економски влијанија на локалните патишта рехабилитирани во рамки на проектот за поддршка на програмата за регионални и локални патишта. Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.