БАР Е.Ц.Е. заедно со водечкиот партнер INFRASTRUKTUR & UMWELT Professor Böhm und Partner извршува услуги за управување со цврст отпад во Полошкиот регион, фаза I, Проект финансиран од SECO. Проектот започна на 09.2018 година и се планира да заврши до крајот на 12.2022 година.
Проектот поддржува имплементација на новата регулатива за отпад во полошките општини и подобрување на организацијата на регионалните и локалните системи за управување на отпадот. Истиот е дизајниран да обезбеди напредни решенија за управување со отпад, заснован на концептите и стандардите наведени во стандардите на ЕУ и во националното законодавство и политика за управување со отпад, во согласност со патоказот за пристапување во ЕУ.
Целта на Проектот е да придонесе за подобрен квалитет, ефективност и одржливост на услугите за управување со отпад во Полошкиот регион и намалување на негативните влијанија врз животната средина и здравјето. Истиот ќе одговори на непосредните краткорочни потреби за санација и ќе ја постави основата за идните инвестиции во регионалната инфраструктура
Нашите услуги
- Регионален план за управување со отпад (РПУО);
- Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) за РПУО;
- Физибилити студија (ФС) и анализа на трошоците и придобивките (CBA) врз основа на РПУО;
- EОцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС) за депонијата Русино и потенцијалните претоварни станици (ќе се имплементираат во Фаза II) вклучувајќи мониторинг на животната средина;
- Основни проекти за рехабилитација/изградба на селектирани капацитети за третман и депонирање на отпад во Полошкиот регион;
- Тендерски досиеја за изведба на работите и сите договори за набавки за рехабилитација/изградба на селектирани капацитети за третман и депонирање на отпад;
- Формирање на меѓуопштинско претпријатие за управување со отпад;
- Подготовка и имплементација на брзи мерки (на пр. итни интервенции на депонијата Русино или кампањи за подигање на свеста);
- Подготовка на концепт за институционално зајакнување и мерки за градење капацитети за II фаза;
- Подготовка на концепт за мерки за подигање на јавната свест за II фаза.