БАР Е.Ц.Е. зработи техничка документација на ниво на основен проект за машински и електрични инсталации во новата зграда на Народната банка на Република Македонија која што ќе се гради во центарот на престолнината, Скопје.
Новости
Основен проект за инсталации во новата зграда на Народна банка на Република Македонија
Надзор над работите на центрите за социјална работа и агенцијата за вработување
БАР E.Ц.E. ги започна активностите за Надзор над работите за "Модернизација и адаптација на центрите за социјална работа" и "Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки и услуги на пазарот на трудот"во соработка со ARS Progetti S.P.A. како водечки партнер.
Надзор над работите во северно Косово
БАР Е.Ц.Е. потпиша Договор за надзор на работите во северно Косово. Активностите се планирани да започнат во април и ќе се спроведуваат во наредните 2 години.
Студии за третман на отпадните води на град Скопје
Egis со поддршка на македонскиот консултант БАР Е.Ц.Е. го отпочна проектот за финансирање, изградба и работа на станица за пречистување на отпадни води во Скопје, престолнината на Република Македонија. Овој проект го следи неодамнешното потпишување на согласноста за финансирање како дел од повикот за проект издаден од Француското министерство за финансии и DGT (Францускиот трезор).
Социо-економска проценка
БАР Е.Ц.Е. потпиша Договор со Јавното претпријатие за државни патишта за изработка на Социо-економскa проценка за влијанието на локалните патишта рехабилитирани во рамките на Проектот за поддршка на регионални и локални патишта.
Имплементација на работите во училиштето Рајко Жинзифов
Проектот за реновирање и проширување на училиштето Рајко Жинзифов во Драчево во општина Кисела Вода постигнува видливи резултати.